недела, 24 мај 2026

ОМД: Заев одамна требаше да поднесе оставка

Објавено на

часот

Сподели

„Во март 2018 година, откако македонското Собрание го изгласа неуставниот и поделен Закон за јазиците. Во јуни 2018 година по потпишувањето на неуставниот Преспански договор. И во септември 2018 година за време на дебаклот на принудниот референдум за промена на името, кој имаше само 36,7% излезност на гласачкото тело, побаравме оставка од Заев.

Остро се спротивставивме и на таканаречениот Договор за добрососедски односи со Бугарија, на Преспанскиот договор со Грција и на Законот за употреба на јазиците во Македонија. Јавно ги истакнавме штетните импликации што ќе ги има донесувањето на секоја од овие мерки врз македонската нација, држава и идентитет.

Заев повеќе пати ја игнорираше волјата на македонскиот народ за неговиот идентитет. Во неговиот последен говор, тој го употреби терминот „прогресивен” за да се опише себеси и оние кои ги поддржаа неговите деструктивни постапки. Сепак, нема ништо прогресивно во тргувањето со името, историјата и идентитетот на една земја, ниту пак негирање на човековите права на македонскиот народ.

Од неуставната промена на името, македонскиот идентитет секојдневно се оспорува на секое ниво. Употребата на „северномакедонски” е неконтролирана во светските медиуми и владите ширум светот. Македонците немаа ни трошка корист од ниту една непромислена политичка одлука на Заев. Всушност, Заев и неговите следбеници никогаш не успеаја да постигнат одржливи економска и политичка стабилност.

Се спротивставивме на промената на името и ја предводевме кампањата „Ние сме Македонија,” која собра 150.000 луѓе на повеќе од 40 светски собири. ОМД ќе го користи само вистинското уставно име на македонските народ и нација во однос на нашата татковина. Таа е, и секогаш ќе биде Македонија.

Упатуваме искрени честитки до новоизбраните градоначалницо во државата, а особено до независната кандидатка Данела Арсовска, која е првата жена избрана за градоначалник на главниот град Скопје, а моментално и една од двете избрани жени градоначалнички во државата“, соопшти Обединетата македонска дијаспора.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ