недела, 24 мај 2026

Николовски ги повика градоначалниците да штедат на службени возила и репрезентација

Објавено на

часот

Сподели

Од кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски велат дека локалните единици тоа може да го сторат, преку општинските совети со донесување на посебни акти со кои ќе се ограничат средствата за репрезентација на градоначлниците и користење на службените возила.

„На предлог на кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, годинава се донесоа две одлуки кои се однесуваат на ограничување на користењето на службените возила и на службените трошоци за угостителски услуги за работни состаноци. Овие одлуки се во насока на рационално и транспарентно користење на буџетските средства. Веќе се применува одлуката за регулирање на користењето на службените возила. Секое користење на службените возила за вработените претходно според точно утврдена процедура се одобрува. Целта е оправдано, наменско, рационално користење на службените возила, односно да не се користат возилата за приватни цели“, пишува во соопштението.

Од кабинетот додаваат дека функционерите ја применуваат и почитуваат и одлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски услуги во угосителски објекти во државата при одржување на работни состаноци.

„Функционерите имаат точно определни износи кои смеат да ги искористат за угостителски услуги за работни состаноци, според точно утврдени критериуми“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ