„Притисоците на Заев не даваат плод, народот веќе еднаш ги порази неговите притисоци на 31 октомври, ќе ги порази пак. Колку повеќе СДСМ притиска и се заканува, толку повеќе народот се разгневува и казната и падот ќе бидат политички фатални за СДСМ.
Ги повикуваме и пратениците од СДСМ кои не се согласуваат со политиките на Заев, со криминалот, корупцијата и рекетот на една тесна клика која ја заробила и нивната партија, да се охрабрат и да изгласаат недоверба на владата.
Време е државата да се ослободи од Заев и тесната клика околу него која го држи целиот систем во заложништво“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






