„Сите вработени се согласни дека ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошка градина Скопје. Внимаваме мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите услови во внатрешното живеалиште каде што моментално се под постојан надзор“, велат од ЗОО Скопје.

Посетителите ќе имаат можност да ги видат малите лавчиња кога тие ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште.

Лавчињата ќе добијат имиња кога ќе се дозна нивниот пол.







