„Ќе се обновува системот за полевање и подготвени се нови 200 садници за засадување. Градината ќе добие и нова урбана опрема, а во план е и реконструкција на дрвените мостови, со што овој простор ќе биде повторно достапен за посетителите”, рече во изјава за медиумите градоначалничката Арсовска.
Во соопштението од Град Скопје се наведува дека ќе се работи на подобрување на условите на живеалиштата на животните, како и на инфраструктурата којашто ќе овозможи подобри услови за посетителите на скопската зоолошка градина.







