вторник, 9 декември 2025

Со акција за чистење, Скопска Црна Гора ќе ја поздрави пролетта

Објавено на

часот

Сподели

„Идејата е дека со упорност и истрајност ќе ја смениме свеста и ќе дадеме пример и пошироко за вакви граѓански иницијативи. Се разбира, се надеваме дека оваа акција како апел ќе допре до одговорните во државата за ургентно и систематско делување најпрво на едукативно ниво, а потоа и со користење на сите расположиви механизми, казни и други мерки. Но, од нив најпрво очекуваме базични предуслови како контејнери и канти по патиштата и паркинзите со цела логистика за собирање, табли за потсетување или предупредување“, велат од организацијата.

Во информацијата за медиумите која треба да допре до сите заинтересирани за акцијата, како и до љубителите на чистата природа, а секако и до надлежните, се вели дека има комплетно разбирање и поддршка од општината и градоначалникот, кој вонредно ја ангажирал локалната комунална фирма за собирање на собраното ѓубре по акцијата.

„За потсетување, во минатата акција возилото четири пати се враќаше да ги натовари собраните кеси со ѓубре. Овојпат се јавија и општествено одговорни компании: аптеки Зегин, Еурофарм, Независна угостителска комора, како донатори на заштитни ракавици, кеси, води, пастели со Ц витамин. Вложуваме љубов и многу убава енергија во ова и навистина се надеваме дека скоро ќе ја прогласиме Скопска Црна гора за чиста планина“, се вели во најавата за настанот и се додава дека акциите ќе продолжат и дека ќе зачестат.

„Ако ги анимираме локаните жители ќе биде тоа само по себе успех за да се посветиме понатаму на регистрираните загадувачи“, се нагласува на крајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ