Попладнево на повеќе места во државава времето беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме со појава на град.
До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно, локално и понатаму со пороен дожд, грмежи и силен ветер. И во следните часови ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме, соопштија од УХМР.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и крајните источни делови. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува силен југозападен ветер. Кон крајот на денот поради заладување на планините врнежите ќе преминат во снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 11 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува силен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 16 степени.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините со локални врнежи од снег.






