„Алармираме за планот на пиар градоначалникот, Тимчо Муцунски и неговата намера да воведе зонско паркирање во повеќето населби во Општина Аеродром.
Во наративот кој го ‘продава’, се обидува да наметне мислење дека зонското паркирање е на барање и во интерес на граѓаните, но во реалноста тоа е само удар врз сиромашните и воведување на уште еден арач, како дополнителен товар врз и така тенкиот семеен буџет4“, соопшти партијата.
Левица потсетува дека низ годините, аеродромци во околината на „Бисер“ и „Капитол“ веќе имаат зонско паркирање, но дека тоа не го решило реалниот проблем за дополнителни паркинг места.
„Нудиме решенија во поддршка за изградба на монтажни паркиралишта и катни гаражи. Со обезбедување на паркиралишта, наплатата за истите ќе стане безпредметна“, велат од Левица.






