петок, 19 декември 2025

Скопје утрово најстуден град, но и најзагаден и покриен со магла

Изутринава најстудено било во Скопје-Петровец, Битола, Струмица и Берово, каде е измерена минимална температура од-4 степени Целзиусови, а најтопло во Крушево со измерени 4 степени Целзиусови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Главниот град утрово се рабуди покриен со магла и мирис на чад.

Објавено на

часот

Сподели

Скопје денеска повторно се најде високо на листите на најзагадени градови во светот откако беше измерен Индексот на квалитет на воздухот кој изнесуваше над 115 US, покажуваат податоците од мерните станици што ги собира IQAir. Според индексот од мерните станици воздухот се сместува во категорија на „нездрав“ до „екстремно нездрав“ по здравјето на луѓето.

Скопје денес беше повторно рангиран меѓу најзагадените градови во Европа и светот, со концентрации на фините честички PM2.5, кои значително ја надминуваат препорачаната безбедна граница и се особено штетни за најранливите категории како деца, постари лица и лица со респираторни или кардиоваскуларни заболувања.

Според IQAir, AQI вредностите утрово покажуваат дека воздухот во Скопје е „нездрав за чувствителни групи“, со концентрации на PM2.5 од околу 40,7 µg/m³, значително над препорачаните годишни гранични вредности на Светската здравствена организација (WHO). Овие честички се толку мали што можат да продрат длабоко во белите дробови и да навлезат во крвотокот, со сериозни последици за здравјето.

Во Тетово, Велес и Демир Капија изутринава се измерени-3, во Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Штип, Кавадарци и Прилеп-2, во Претор и Маврови Анови 0, во Крива Паланка, Гевгелија, Виница и Попова Шапка 1 степен и во Охрид 2 степени Целзиусови.

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне наместа ќе има појава на магла.

Во југоисточните делови ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ