Процесот Брдо Бриони, како што посочува претседателката, е инспириран од солидарноста и пријателството меѓу државите од регионот, со намера да ги поттикне политичкиот дијалогот и партнерството на највисоко ниво и да ја зајакне меѓусебната доверба.

„Годинава, домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во ,’Процесот Брдо-Бриони’ е претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Одржувањето на процесот е потврда за неопходноста од редовен дијалог заради навремено соочување со регионалните предизвици и решавање на отворените прашања“, напиша во објавата Сиљановска Давкова.
Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и на Република Хрватска. Првиот состанок на лидерите се одржа во 2013 година, во Брдо кај Крањ.






