понеделник, 8 декември 2025

Сиљановска-Давкова на состанок на процесот „Брдо – Бриони“ во Драч

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Драч, Република Албанија, заради учество на состанокот на лидерите на земјите учеснички од процесот „Брдо-Бриони“.

Објавено на

часот

Сподели

Во фокусот на годинашниот состанок, како што соопштија од нејзиниот кабинет, ќе бидат неколку теми: европската интеграција, планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци (brain drain), како и регионалната соработка и безбедност.

Главната цел на процесот е интеграција на сите земји од регионот во Европската Унија, како и стабилизирање на состојбите на Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка. Лидерите на земјите учеснички од процесот „Брдо-Бриони“ се состануваат најмалку еднаш годишно, се вели во соопштението.

Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и на Република Хрватска. Првиот состанок на лидерите се одржа во 2013 година, во Брдо кај Крањ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ