„Правиме пресврт во начинот на кој ја третираме состојбата на терен. Целта е трајно да ги решиме инфраструктурните проблеми“, изјави Хоџа.

Инвестицијата во Ласкарци за изградба на водоводната мрежа и на атмосферската канализација изнесува 85 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, и претставува дел од поширок пакет-проекти со кои систематски се решаваат долгогодишните проблеми на граѓаните во општина Сарај.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, набргу ќе почне и уредувањето на Сува Река, со што ќе се обезбеди трајно решение за намалување на ризикот од поплави во населените места на оваа општина.






