вторник, 9 јуни 2026

Секое прваче од општина Аеродром ќе добие по 3.500 денари

Општина Аеродром соопшти дека и оваа година продолжува со мерката за поддршка на семејствата, обезбедувајќи еднократна парична помош во износ од 3.500 денари за секое дете запишано во прво одделение во основно училиште на територијата на општината.

Објавено на

часот

Сподели

Пријавувањето за остварување на правото на парична помош ќе трае од 15 јуни (понеделник) до 30 септември 2026 година.

За поднесување на барањето, во архивата на Општина Аеродром потребно е да се достават: потврда за запишан ученик во прво одделение, заверена од основно училиште на територијата на Општина Аеродром или од основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, фотокопија од лична карта или патна исправа на барателот со адреса на живеење во Општина Аеродром и фотокопија од трансакциска сметка.

Образецот за пријава и изјавата за согласност за обработка на лични податоци се достапни на следниот линк: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari

Со оваа мерка, од Општина Аеродром велат дека продолжуваат да инвестира во образованието и да им помага на семејствата во пресрет на почетокот на новата учебна година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ