„Очајните обиди за манипулација се резултат на шокот кој го доживеаа и падот од преку 140.000 гласа кој е јасен сигнал дека нивните лаги и погрешни политики се прочитани. СДСМ ја продолжува битката за уште 17 општини, ги повикуваме граѓаните масовно да излезат на галсање во вториот круг и да гласаат за кандидатите на СДСМ, докажани и чесни луѓе кои уште во првиот круг јасно докажаа дека имаат што да понудат“, велат од СДСМ.
Разултатите на анализата на партијата за освојување пратенички места, а според освоените гласови „јасно покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би паднале на 52 пратеници, а СДСМ би имал најмалку 21 пратеник“.
Ваквата анализа на СДСМ доаѓа откако претходно денеска ВМРО-ДПМНЕ објави симулација според која, ако утре се одржат парламентарни избори партијата би освоила над 60 пратеници.






