недела, 7 декември 2025

Ристески на Мануфактуринг 2025: Индустријата и производството се столбови на домашната економија

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески се обрати на конференцијата „Manufacturing 2025 – Од преместување на производство до локално напредно производство“.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за економија и труд, конференцијата е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустрија – МАМЕИ и се организира во рамки на Меѓународниот саем за енергетика и технологија – „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2025“.

„Индустријата и производството се столбови на домашната економија и овој настан е одлична можност да размениме искуства, да ги презентираме успесите и развојот во компаниите, како и правецот во кои се движи развојот на стопанството. Владата и министерството за економија и труд се активен партнер на компаниите и преку бројни мерки го поттикнуваме нивниот економски раст и развој. На компаниите како главни извори за финансиска поддршка се обезбедените кредитни линии од унгарскиот кредит, предвидените средства од програмите на Министерството за економија и труд, како и финансиските средства кои им се достапни на компаниите согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите“, потенцираше заменик-министерот Ристески.

Покрај големиот број на презентации, панели и дебати, во рамки на денешната конференција свои обраќања имале и амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, директорката на делегацијата на германското стопанство во Македонија, Антје Ванделт, извршната директорка на Скопски саем, Даниела Глигоровска, претседателката на Асоцијацијата на метална и електроиндустрија Марта Наумовска Грнарова, како и деканот на ФИНКИ, Петре Ламески.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ