вторник, 9 декември 2025

Властодршците од ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром му исплатија 300 илјади евра на Фатмир Етеми

Објавено на

часот

Сподели

„Иако сакаат да ја оправдаат оваа одлука со фактот дека таа е донесена од страна на поранешниот градоначалник Златко Марин од СДСМ, јавно прашуваме: дали сегашните властодршци од ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат обвинителството да го испита случајот и да поднесат кривична пријава за лица од поранешната локална власт? Доколку нема одговорност и конфискација за криминалното работење на претходната власт, жителите на Аеродром повторно ќе бидат оштетени“, велат од Левица.

Партиската организација од Аеродром забележува дека засега, освен празни ветувања, нема реални кривични пријави кон претходните раководители на општината.

„Мора да се промени начинот на водење на локалната власт. Мора да има одговорност за криминалното работење и отуѓување на нашиот имот и еднаш да се стави крај на шурувањето со урбанистичката мафија. За потсетување, токму Фатмир Етеми е бизнисменот против кој протестираа аеродромци за просторот кај Мајчин дом. Истиот контроверзен лик пред недела дена откупи огромна градежна парцела во строгиот центар  на Скопје за 7 евра од квадратен метар“, соопштува Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ