Затоа, првата пратка од околу 90.000 дози вакцини беше вратена во Израел, изјави портпаролот на Палестинската управа.
Договорот предвидуваше Израел да ѝ донира 1,4 милиони дози вакцини Фајзер / Бионтек на Палестинската управа, на кои наскоро им истекува рокот, додека Палестинците на Израел ќе му достават реципрочен број дози кога ќе ја добијат пратката од програмата Ковакс.
Иако договорот предвидува дека рокот за вакцини „истекува наскоро“, Палестинците го одобрија за да го забрзаат темпото на вакцинација на Западниот брег и во Газа.
„Ни рекоа дека рокот на траење е до јули или август, што е доста време за употреба. Но се покажа дека рокот истекува во јуни. Тоа значи дека немаме доволно време за употреба на вакцините, па затоа ги одбивме“, изјави пред новинарите палестинската министерка за здравство Мај Алкалија.






