недела, 14 декември 2025

Чомбе објави фотографии од пеплосаното БМВ и порача дека палењето по казнување треба да е еднакво на тероризам

Пред три дена околу 3 часот по полноќ беше запалено возилото на поранешниот директор на Зоолошката и претседател на скопската организација на СДСМ , Ѓорѓи Галетановски Чомбе. Тој го повика Министерството за внатрешни работи да го открие сторителот и вели дека никој не му се заканувал, а денес објави фотографија од пеплосаното БМВ и порача дека е оштетен финансиски, а и психички.

Објавено на

часот

Сподели

„Бидејќи многу пораки имам со прашања дали има нешто за кукавициве да одговорам на сите. Не, трет ден не ми се јавиле од полиција, но како што ми кажуваат жители од Кисела Вода, соседи, сопственици на дуќани, инспектори секојдневно чешлале камери овие два дена и интензивно работеле со распити. Ги поздравувам и се надевам дека ќе ја откријат оваа кукавичко криминална банда да го вратат мирот на граѓаните. Казните за овие дела мора да ги зголемат и изедначат со тероризам бидејќи граѓаните освен финансиски оштетени се и психички“, напиша Галетановски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ