вторник, 16 декември 2025
На конференција за климатски промени

Османи побара помош од Австрија во функција на ОБСЕ и поддршка за македонската ЕУ-интеграција

Објавено на

часот

Сподели

На средбата министрите се согласиле дека Македонија и Австрија три децении негуваат блиски односи со взаемна посветеност за натамошно унапредување на соработката.

„Северна Македонија изразува благодарност до Австрија за нејзината силна и отворена поддршка на нашиот пристапен пат кон ЕУ и залагањата за членство во ЕУ за целиот Западен Балкан. Земјава ја цени австриската поддршка на концептот на забрзана интеграција, верувајќи дека тоа ќе придонесе за зачувување на кредибилитетот на процесот на проширување“, истакнал Османи на средбата со Шаленберг.

Министерот го информирал Шаленберг и за постапката за уставни измени што е во тек.

„Уставните амандмани се клучен фокус за Северна Македонија. Работиме на синхронизирање на овој процес со сите чинители во државата за негово успешно завршување до декември 2023 година“, рекол Османи.

Во однос на регионалните случувања, Османи пред Шаленберг ја истакнал улогата на Македонија на домаќин на дијалог Белград-Приштина во Охрид, што резултираше со значаен договор. Тој го претставил и планот од девет точки понуден како додадена вредност за деескалација на ситуацијата на северот на Косово.

„Продолжувањето на дијалогот предводен од ЕУ е исклучителна важност и за ОБСЕ и за Северна Македонија како непосреден сосед. ОБСЕ е подготвена да го поддржи и помогне спроведувањето на препораки што ќе произлезат од овој процес на терен“, посочил Османи, соопштија од МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ