петок, 1 мај 2026

Борисов се сретна со Заев: Бугарските власти ги лажат партнерите дека се за членство на Скопје во ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе имате многу средби денес и убеден сум, познавајќи ги луѓето со кои ќе се сретнете, особено Радев, дека ќе ви кажат оти без парламент не може ништо да се направи. Но, сегашната техничка влада ги има сите права и може да преговара со вас. Нов договор, ако нашиот не им се допаѓа. Ама тие ќе избегнат одговорност, како што прават секогаш. Истовремено ги лажат и евроатлантските партнери дека се за членство на Северна Македонија во ЕУ”, изјавил Борисов, пренесува БГНЕС. 

Според него, ако не се најде решение како две држави, две нации, два народа, поколенијата млади Бугари и Македонци ќе се мразат. 

„Ќе дојдеме до тоа да не ни требаат инфраструткруни проекти, зашто никој нема да може да помине по нив. А тие се толку важни”, вели Борисов. 

И премиерот Заев објави дека се сретнал со Борисов со куса порака на Твитер. 

„Работната агенда во Софија ја почнавме со раководството на ГЕРБ и мојот пријател Борко Борисов. Разговаравме дека е многу важно да овозможиме младите генерации да имаат дијалог и разбирање. Не смееме да дозволиме младите да ни се замразат”, напиша Заев на Твитер.

Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи престојуваат во работна посета на Софија со цел да се интензивираат напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Северна Македонија.

Од владината прес-служба соопштија дека премиерот и владината делегација ќе имаат работни средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ