Како што соопштија од УЈП, на состанокот двете страни се согласиле за интензивна соработка и активно вклучување на ресурсите и капацитетите на комората, со цел навремено информирање и подготовка на компаниите за практична примена на новиот систем.
„Соговорниците оценија дека проектот има значајно влијание врз македонското стопанство, преку унапредување на деловната транспарентност, намалување на административните трошоци и ефикасна борба против сивата економија. Управата за јавни приходи останува доследна на својата определба за јакнење на партнерскиот однос со даночните обврзници, кои се рамноправни чинители на даночниот систем и клучни носители на економскиот развој“, пишува во соопштението од УЈП.






