недела, 7 декември 2025
Локални избори 2025

Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе „трчаат“ втор круг за градоначалник на Скопје

Според 93,52 отсто обработени гласови од Државната изборна комисија, во вториот круг на локалните избори, за градоначалник на Скопје, силите ќе ги одмеруваат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица. Ѓорѓиевски со 93,52 отсто обработени гласови имаше освоено  39,43% или 85.208 од гласовите на скопјани, додека Мециновиќ – 13,30% или 28.748 гласа.

Објавено на

часот

Сподели

Третото место го освои кандидатот на коалицијата Вреди, Башким Бакиу со 12,20% од изборниот „колач“, или 26.369. Со 24.859 гласа или 11,5% од излезените гласачи, кандидатката на СДСМ, Каја Шукова го освои четвртото место го градоначалничката трка за Скопје.

По затворањето на гласачките места, Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ја одржа завршната прес-конференција на која ги соопшти неофицијалните резултати од првиот круг на локалните избори.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, информираше дека излезноста на овие избори изнесувала 48,46 проценти, што е нешто пониска во однос на претходните изборни циклуси.

Според обработените податоци, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи се во убедливо водство во 54 општини низ државата, додека коалицијата Вреди води во девет, СДСМ во седум, а коалицијата НАИ предводена од ДУИ во пет општини. Демократската партија на Турците има предност во една општина.

Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ