четврток, 12 март 2026

Од хуманитарната изложба „Трага во бесконечноста“ собрани 240.000 денари

Од хуманитарната донаторска групна ликвна изложба „Трага во бесконечноста“  посветена на Сара Јорданова, средношколка,  една од 63 – те жртви во трагедијата што се случи на 16 март минатат година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, собрани се вкупно 240 000 денари. Средствата на четири еднакви дела се поделени на три деца без родители од Кочани и на дете без родители во Ресен, соопштија родителите на Сара.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Изложбата „Трага во бесконечноста“ беше поставена во Центарот за култура (ЦК) „Бели мугри“ на 28 – ми минатиот месец и траеше до 6 март. Над 130  слики од ликовни уметници од Македонија и странство беа изложени во  двата салона во Националната установа во Кочани. Повеќе од половината се продадени.

Сара Јорданова, ученичка во кочанската Гимназија, животот го загуби во трагичниот пожар од 16 март 2025. Се бавеше со сликање и музика. Свиреше тапани во бендот „Корка“.

На чинот на отворањето на изложбата на 28 февруари во ЦК „Бели мугри“, присуствуваа неколку стотици луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ