сабота, 20 декември 2025

Од 12 октомври нови правила за влез во Грција и во другите земји членки на ЕУ

Македонските туристички агенции веќе почнаа да информираат за новиот режим за влез во земјите членки на ЕУ за граѓаните од другите земји. Се работи за ЕЕС системот воведен од ЕУ.

Објавено на

часот

Сподели

ЕЕС е нов дигитален систем на Европската Унија и Шенген зоната кој почнува во октомври за државјани од трети земји.
На влез, на пример во Грција, ќе има автомати (ЕЕС киоск) на граничните премини на кој ќе се скенира пасошот, ќе се регистрираат биометриските податоци, треба да се остават отпечатоци од прсти, а автоматот ќе фотографира. Оваа процедура се извршува само еднаш пред автоматот и тие податоци важат три години.
Ова значи и автоматско евидентирање на датум и место на влез/излез, без печати по пасоши и прецизно евидентирање на дозволениот престој  од максимални 90 дена во 180 дена без виза.
Ако некој ги пречекорил овие ограничувања, системот тоа веднаш го евидентира и може да има забрани за влез. На аеродромите и границите ќе има автоматски киосци за побрз премин.
Откако ќе се изврши оваа евиденција, следните патувања ќе бидат побрзи, бидејќи податоците ќе постојат во системот.
Системот за авторизација за патување е задолжителен за сите граѓани на земји надвор од ЕУ, кои влегуваат во Шенген зоната.
Се аплицира онлајн преку официјалната веб-страница: europa.eu/etias, а цената е 20 евра. Ако патникот не поседува ETIAS пред поаѓање, нема да може да го продолжи патувањето (ќе биде блокиран уште на аеродром/граница).
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ