Во барањето до министерката за образование и наука Мила Царовска, Наставничкиот пленум вели дека во анкетата што ја спровел, големо мнозинство од неговите членови се изјасниле дека се незадоволни од сегашните примања на вработените во образовните институции.
„Вработените во образованието заслужуваат подобар животен стандард и повеќе средства за егзистенција и поради тоа бараме од Вас сериозно да пристапите кон нашето барање и да го реализирате“, наведува Пленумот во барањето до Царовска.






