недела, 24 мај 2026

Затворањето на границите нема да даде ефект во заштитата од омикрон сојот, вели Филипче

Објавено на

часот

Сподели

„Очигледно е дека е детектиран во некои европски земји, досега видовме дека кога ќе се појави нов сој не може да се спречи да се појави на друга територија. Соевите се појавуваат и ќе се појавуваат и натаму. Сѐ уште нема доволно познати информации, иако, Светската здравствена организација (СЗО) укажува на тоа дека е полесно пренослив. Сепак директорот на Американскиот институт за здравство смета дека и за тоа нема доволно информации, и дека се тука некаде по степенот на преносливост со делта сојот“, рече Филипче за медиумите по денешниот состанок на Комисијата за заразни болести.

Тој потврди дека во земјава остануваат истите мерки, односно потврда за вакцина за влез и излез од државата или негативен ПЦР тест.

На утрешната владина седница, како што најави, ќе се разговара за новиот предлог на Комисијата, матичниот лекар да биде награден со 30 денари по пациент од вкупниот број пациенти запишани кај него, откако ќе надмине 70 отсто на вакцинација од вкупниот број пациенти. Според Филипче, матичните лекари треба да комуницираат и да апелираат до своите пациенти да се вакцинираат.

Инаку, на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести било заклучено дека состојбата со ковид-19 во земјава е стабилна, неделната инциденца е за 5 проценти помала во однос на претходната недела, а тоа се чувствува, како што рече Филипче, и по состојбата со слободни места во болниците, вклучувајќи ја и Инфективната клиника.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ