недела, 24 мај 2026

Засега е рано за задолжителна вакцинација, вели Филипче

Објавено на

часот

Сподели

„Матичните лекари први имаат контакт. Инаку финансискиот надоместок е еднократен и на матичните лекари ќе им се исплати на почетокот на летото. Со оглед на тоа дека еден матичен лекар може да има најмногу 2.500 пациенти, а во просек се 1.000, тоа не се пари за занемарување. Ова е битно за државата, има различни степени на опфат кај матичните“, додаде Филипче.

Тој ги повика матичните лекари уште сега да почнат да ги повикуваат своите пациенти да се вакцинираат. Во некои градови има матични лекари чии пациенти веќе во 70 отсто се вакцинирани.

Во однос на носењето нови мерки за заштита од коронавирусот, Филипче вели дека „карантеризирање, сега во ситуација кога имаме близу 50 проценти опфат, не треба да е опција, но не знаеме што може да се случи“.

Засега рестрикциите со забрана за одење на работа без вакцина за државните службеници, нема да се спроведе, зашто отвора прашања од типот како би се казниле тие што нема да се вакцинираат, но и прашања за финансискиот товар .

„Ќе оставиме време, да видиме дали ќе помогне комуникацијата и апелите на матичните лекари. Сметам дека дополнителна мерка, во смисла на форма оваа вакцина да биде задолжителна, а согласно примерите кои ги даваат и другите земји, не е исклучена. Додека тоа се осмисли и провери каков резултат ќе дадат. Некои земји размислуваат за задолжителна вакцинација. Засега останува вака кај нас“, рече Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ