„Знам дека доаѓаат празници и апелирам, колку и да звучи чудно, луѓето да не се групираат. Секоја кафеана има протокол, може да влезат само вакцинирани лица, има протокол за максималниот број на гости и сметам дека сите треба да ги почитуваат протоколите и пропишаните мерки и за кафеанското работење, но и за дружбата по дома со цел да немаме поголем број заболувања од ковид-19“, рече Костов.
Со помош на вакцините и постојните мерки, според него, бројката на новозаболени од коронавирусот после празниците не би требало да се зголеми.
Во изјава за медиумите тој уште еднаш укажа на важноста на вакцината за заштита од ковид-19.
„Најголем процент од болните кои завршуваат со смртен исход се невакцинирани пациенти. Ве молам, што е можно побрзо примете ја вакцината“, апелираше Костов.
Во однос на состојбата со болни од ковид во „8 Септември“, информираше дека таму се сместени 50-тина пациенти кои главно доаѓаат од другите болнички установи со влошена клиничка слика, а старосната граница на овие пациенти е од 30 години нагоре.






