недела, 24 мај 2026

За една недела со ковид-19 по втор пат се заразиле 36 граѓани

Објавено на

часот

Сподели

Од 13 до 19 декември од ковид-19 заболеле 1.922 лица. Тестирани се 19.943 лица, за 8,1 отсто повеќе од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 6,9 до 12,4 отсто, а просечно 9,6.

Најмногу новозаразени има во Скопје. Регистрирани е намалување на заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (22,8%). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,5%).

Според полот, 52,8 отсто од заболените се жени, а 47,2 машки.

Пријавени се 66 смртни случаи, најмногу во Скопје (19) и од возрасната група над 60 години (80,3%).

Активнислучаи на ковид-19 се 5.376, хоспитализирани се 347 што е за 18,7% помалку од претходната недела, од кои 243 се на кислородна поддршка и 12 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Минатата седмица се евидентирани и 1.963 оздравени лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ