недела, 24 мај 2026

Во софиската болница останува само еден од повредените патници, четворица се пренесуваат во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Бугарските медиуми јавуваат дека овие четворица пациенти се преземени од македонски медицински екипи и лекувањето ќе го продолжат во Клиничкиот центар во Скопје. Пациентите се отпуштени од Клиниката за изгореници и пластична хирургија, а во последните 24 часа нема промена во нивната состојба.

Претходно министерот за здравство Венко Филипче кажа дека двајца пациенти, кои беа повредени во несреќата со македонскиот автобус во Бугарија, а кои по лекувањето во болницата „Пирогов“ во Софија се хоспитализирани на скопската Клиника за пластична хирургија, денеска ќе бидат испишани на домашно лекување.

„Тие се во добра здравствена состојба, ќе продолжи третманот во делот на психилошката поддршка“, информираше Филипче.

Тој најави дека денеска се очекува во земјава да се вратат тројца од седумте преживеани во автобуската несреќа во Бугарија, меѓутоа од софиската болница соопштија дека денеска се отпуштени вкупно четворица.

Со тоа во „Пирогов“ на лекување останува уште само еден од преживеаните во несреќата и тој се наоѓа на Клиниката за неврохирургија.

Според лекарите од софиската болница, неговото закрепнување поминало без проблеми и почнал да се движи по две операции – на потколеницата и на ‘рбетот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ