Министерството за здравство потсетува дека за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и со поминати најмалку 14 дена од примањето на втора доза вакцина.
„Во периодот од 6 август до 18 ноември на територија на државата 53.682 граѓанин се позитивни на тестирањето на ковид-19, од нив 31% се целосно вакцинирани, односно 16.702 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистика за изминативе месеци, 36.980, граѓани, односно 69% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани е голем, од моментално 534 хоспитализирани пациенти, 123 се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 18.11.2021 на територија на државата од вкупниот број починати, 80% биле невакцинирани, а 20% од починатите примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања“, соопшти Министерството за здравство.
Министерството во соопштението укажува на важноста на вакцинацијата и порачува дека секоја вакцина која државата ја има располагање е безбедна. Во соопштението се потсетува дека само со вакцинација на населението може да се дојде до колективен имунитет.






