„Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2 при што се изработени 24 примероци позитивни на вирусот. Примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти детектирана е омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5% од позитивните примероци.
Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани“, се наведува во соопштението од Министерството.






