недела, 24 мај 2026

Во Македонија потврден случај на флурона, заболениот допатувал од САД

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за здравство соопшти дека од страна на ПЗУ Синлаб до Институтот за јавно здравје е доставена информација за детектиран еден случај на флурона, кај 26-годишен пациент од општина Зајас.

Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција ковид19/инфлуенца А, непосредно пред 31 декември се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина против ковид-19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во земјава. 

„Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика“, додаваат од Министерството за здравство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ