недела, 24 мај 2026

Во Чаир почина 26-годишна родилка во тешка здравствена состојба и неконтролирана бременост

Објавено на

часот

Сподели

„Пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болница била донесена во многу тешка здравствена состојба, со висок крвен притисок и отежнато дишење. Во ваква лоша состојба таа била во претходните 4 дена во кои ниту еднаш, до вчеравечер не побарала лекарска помош. На увид од извештаите во електронската база ‘Мој термин‘ констатирано е дека станува збор за недоволно контролирана бременост, со само една претходна контрола во 30 недела од бременоста кога за првпат е утврдено дека има висок притисок. Тогаш на пациентката ѝ била ординирана терапија и дадени упатства за интензивен мониторинг и болнички контроли. Според кажувањето на семејството, пациентката не одела на контроли, а терапија пиела повремено“, пишува во соопштението.

Според Министерството за здравство, синоќа кај пациентката дошло до бурно влошување на и така лошата здравствена состојба, со знаци за сериозно компромитирање на белодорбната функција со развој на белодробен едем, пад на сатурацијата под 80%, белодробен наод и агитираност. Истовремено мониторингот на плодот покажал сериозно загрозување на благосотојбата на плодот.

„Поставена е индикација за crash интубација и итен царски рез. Во операциона сала паралелно по интубацијата констатиран е кардиоциркулаторен колапс и паралелно со постапки за кардио-пулмонална ресусцитација отпочнат е царски рез. Породен е жив машки плод кој по иницијалната стабилизација е префрлен на Клиника за детски болести. Кај пациентката, за жал и покрај сеопфатни мерки за ресусцитација уследила општа срцевобелодробна декомпензација и кај пациентката во 22:10 часот настапи смрт“, се додава во соопштението.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ