недела, 24 мај 2026

Владата одлучи, пушењето електронски цигари не е забрането во затворени простории

Објавено на

часот

Сподели

Според Министерството за здравство, користењето на несогорливите производи од тутун, уредите за нивно загревање и електронски цигари не претставува пушење и следствено, не потпаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно истите може да се користат и во затворениот дел од јавните простории, имајќи ги предвид одредбите од членот 3 став 1 точка 3 од Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи. Ова оттаму што според оваа одредба пушењето е дефинирано како „поседување или користење на тутунски производ кој согорува, без оглед дали чадот активно се вдишува или издишува“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ