недела, 24 мај 2026

Уште 10 починати од ковид-19, нови 442 случаи и 373 оздравени пациенти

Објавено на

часот

Сподели

Од новозаболените во Скопје има 168, Битола 41, Прилеп 31, Кавадарци 24, Охрид 15, Куманово, Велес, Штип, Струмица и Кочани по 13, Делчево 11, Ресен и Валандово по 10, Демир Хисар 9, Неготино и Берово по 8, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш по 7, Тетово 3, Македонска Каменица 2 и Гостивар, Кичево, Струга, Виница, Пробиштип, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Пехчево по 1.

Од петте починати две лица се од Скопје (57г, 78г) и по едно од Делчево (83г), Кочани (77г) и Крива Паланка (84г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Од 373 оздравени пациенти од Скопје се 165, Прилеп 36, Битола 27, Крива Паланка 15, Куманово 14, Кочани 13, Охрид 11, Кавадарци и Кратово по 9, Струмица и Неготино по 8, Демир Хисар 7, Штип, Ресен и Кичево по 6, Гевгелија 5, Велес, Берово и Радовиш по 4, Тетово, Струга и Пробиштип по 3, Виница 2 и Свети Николе, Богданци, Пехчево, Крушево и Демир Капија по 1.

Дополнително, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 11.11.2021 до 22.11.2021. Регистрираните починати лица се од Охрид, Делчево, Македонска Каменица, Тетово и Кочани. Починатите лица се на возраст од 65 до 86 години, од кои едно лице е починато во домашни услови, а четири во болнички услови.

Направените 2.939 тестови се преку: ИЈЗ-338, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–35, ЦЈЗ Куманово-57, Институт за микробиологија–179, Жан Митрев (Филип Втори)-100, Авицена-151, Биотек-125, Систина-40, лабораторија Лаор-115, Синлаб-12, Ремедика-17, Плодност–51, Генеа-7, Никоб лаб-261, ВФВ Медикал-43, Ели Медика-24, Ројал Медика–15, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–2 и ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.173. Досега во земјата се направени вкупно 1.456.023 тестирања на ковид-19.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 213.307, бројот на оздравени пациенти е 197.493, на починати е 7.474, а на активни случаи изнесува 8.339.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ