Посочи дека уште од летото училиштата се подготвени за три сценарија и дека најпосакувано е настава со физичко присуство бидејќи е од најголем интерес за учениците.
„Се следи ситуацијата и таа е стаблна во моментов. Но, доколку имаме алармантна ситуација и потреба од носење рестриктивни мерки и во другите сектори, секако дека Министерството за здравство заедно со Министертството за образование и наука ќе разгледува можности за следните сценарија. Но, апелирам дека ситуацијата е стабилна во моментов и дека во највисок интерес на секој ученик е тој да биде во училиште. Тоа не е само наша проценка, туку и според меѓународните организации што работат на квалитетот на образованието во целиот свет, посебно во земјите во развој како што е нашата“, изјави Царовска по доделување на наградите од Конкурсот за ученици од основното образование инспирирани од делата на Блаже Конески.
Во врска со претстојниот конгрес на СДСМ на кој ќе се избира нов партиски лидер и нови состави на органите на партијата, Царовска одговори дека постапката е отворена и сите членови, рече, многу транспарентно имаат можност да се пријават.
„Мислам дека целиот тој процес на демократски начин ќе се одвива во нашата социјалдемократска партија“, рече Царовска која е еден од потпретседателите на СДСМ.






