недела, 24 мај 2026

Учениците од утре на зимски распуст

Објавено на

часот

Сподели

Поместување на зимскиот распуст односно одложување на почетокот на второто полугодие засега не се планира зашто, според надлежните, состојбата со ковид-19 и натаму е стабилна иако сојот омикрон е потврден и во земјава, а според експертите тој побргу се шири.

По препорака на Комисијата за заразни болести и со одлука на Владата, учебната 2021/2022 на 1 септември почна со отворени училишта и настава со физичко присуство за сите ученици организирана според утврдени антиковид-протоколи. Исклучок се учениците ослободени со медицински потврди.

Во повеќе наврати ресорната министерка Мила Царовска информираше дека состојбата во училиштата е стабилна и дека според податоците кои МОН ги собира на дневно ниво од сите училишта, процентот на нови позитивни случаи не се зголемувал повеќе од 0,03, а активни случаи со КОВИД-19 кај учениците со физичко присуство во првото полугодие не надминал 0,3 проценти. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ