недела, 24 мај 2026

Споменот на петте другарчиња од нашето училиште ќе ни остане во срцата (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

„Навистина, животот знае да биде нерешлива енигма. Носи радосни моменти, но понекогаш носи и премногу тажни моменти, предизвикува голема болка. Ова што ни се случи, изгледа нереално. Имаме тешка болка во душата, во нашите срца. Сакаме да им порачаме на нашите врсници, дека споменот ќе го чуваме засекогаш, но болката нема да исчезне. Споменот ќе биде во нашите срца. И тој ќе нè поврзува со нашите другарчиња што ги загубија своите премлади животи. Им велиме на нашите врсници, не само од нашето училиште – бидете држете се заедно, така сте посилни, така сме појаки“, рече една ученичка од името на соучениците.

На ученичкиот собир и марш говореа и други деца, кои се присетуваа на заедничките денови поминати во училиштето или во игра. Заедно со учениците беа нивните наставници и дел од родителите.

Фото: Роберт Атанасовски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ