Со прозни лични творби напишани во форма на есеи на тема „Смислата на животот” училиштето на овој реноимиран меѓународен натпревар го претставуваа три ученички, координирани од предметниот наставник по германски јазик, Стефан Симовски.
Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио и се одржува во рамки на одбележувањето на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој на образованието”. Овој глобален проект се реализира од 2020 до 2030 година и во него активно се вклучени сите земји-членки на УНЕСКО.
Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија.
Наградата на Лара Станчева и на менторот Стефан Симовски ќе им бидат врачени на пригодна свеченост во декември, годинава од страна на амбасадорот на кралството Јапонија во земјава, Савада Хиронори






