недела, 24 мај 2026

Расте бројот на позитивни на ковид-19, активни се 7.131 случај

Објавено на

часот

Сподели

Досега во земјата се направени вкупно 1.393.963 тестирања на ковид-19, од кои 3.594 во изминатите 24 часа. Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 3467, Куманово – 442, Велес- 337, Прилеп – 327 и Битола – 311. Во последните 24 часа оздравени се 293 пациенти и регистрирани се 12 починати лица, информираат од Министерството за здравство.

Во однос на вакцинацијата, пак, изминатите два дена аплицирани се вкупно 9.009 дози вакцини, од кои 1.873 како прва доза, 1.580 се ревакцинирани, а 5.536 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со завчера вкупно се вакцинирани 806.781 граѓани, ревакцинирани се 777.655, а трета доза примиле 36.424 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Од граѓаните над 40-годишна возраст 54 отсто се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, кај полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од граѓаните во државата примиле две дози вакцина, информираат од Министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ