„Кога имате проблем со лекување на пациенти, висока смрнтост во болнциите, најлесно што можете да направите е да воспоставите превентивни мерки, а не да пуштате Делта сојот да влезе брзо кај нас и да предизвика смрнтост. Од она што сега го слушам смрноста е 60%. Како една од причините ќе ги наведам дозовлите за реалзиација на свдабите во затворен простор, Тука, секако е неисполнента зконска обврска да има протоколи. Продолжува трендот секој доктор да си лекува по свое. Ние сме земја која има многу стратегии и планови за протоколи, па дури и кога ги има ни властите не ги почитуваат“, додава докторот.
Во своето гостување истакна дека политичарите не ги слушале докторите.
„Ако гледавте отворање на Ист Гејт Мол, целото раководоство влегоа без маски. Ако следевте предизборна кампања и спотот на опозиционата партија, во тој спот 70 луѓе од кои 10 доктори од кои еден епидемиолог кој сега стана градоначалник се без маски, а знам дека спотот се снима најмалку три часа. И сега тие со кој образ ќе казнуваат, ќе бараат сертификати? И власта и опзоицијата со вакви потези не добија казни за тоа, ја срушија стратегијата за превенција. Замислете каде сме стигнати. Толку доктори немаат смелост на лидерот да му кажат дека ова несмеат да го прават, а они одат и се сликаат“, додава д-р Пановски.






