недела, 24 мај 2026

Од утре студентите ќе може да се пријавуваат за субвенциониран оброк

Објавено на

часот

Сподели

Можат да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и/или да го остварат ова право во првиот и вториот рок. Оваа можност ќе биде достапна секој месец и тоа од 20ти до 30ти, односно 31-ви во месецот, стои во соопштението од МОН.

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ