недела, 24 мај 2026

Од тестирани 1.323 ученици, позитивни на ковид-19 се само 6

Објавено на

часот

Сподели

Скринингот го вршат Центрите за јавно здравје во 496 средни и основни училишта на територија на цела држава и, според Министерството за здравство, досега обработените податоци од спроведениот скрининг во првите денови покажуваат дека од тестирани 1.323 ученици во средни и основни училишта на подрачјето на ЦЈЗ Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, 725 се основци од 1 до 9 одделение, а 598 се средношколци. Од нив само 6 основци биле позитивни на Ковид 19, а 1.317 ученици биле негативни на тестот.

Центрите за јавно здравје при детектирање на позитивен ученик, постапуваат согласно донесениот Алгоритам за училиштата во случај на појава на ученик со симптоми или сомнителен на вирусот. За поголем дел од Центрите за јавно здравје скринингот завршува утре, а крајните резултати Центрите мора да ги испратат најдоцна до средината од следната седмица. По обработката на податоците Министерството за здравство ќе ја објави целосната анализа со што ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот ковид-19 меѓу учениците во училиштата.

Министерството за здравство информира дека во моментов во земјата како активни случаи се регистрирани 885 деца на возраст од 0-17 години, а 15 се позитивни на Ковид 19. На Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9-16 години. Еден пациент е на кислородна поддршка, а сите останати се со лесна клиничка слика. Ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.

Според податоците од националниот систем Мој Термин, досега во земјата 5.800 деца на возраст од 12 до 17 години примиле една доза вакцина за ковид-19, а ревакцинирани се 4.860 малолетници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ