Од позитивните на ковид-19 во овој период 67 отсто, односно 44.069 не биле вакцинирани. Уште поголем е процентот на невакцинирани пациенти меѓу хоспитализираните, дури 98 отсто, додека смао 2 отсто биле вакцинирани.
Што се однесува до смртноста од ковид-19, податоците покажуваат дека од 2.272 починати во периодото од 6 август до 16 декември 79 отсто или 1.790 лица биле невакцинирани, а 21 процент биле вакцинирани. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Пациентите, според Министерството, биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон. Оттаму повторно укажуваат дека секоја вакцина која ја има во земјава е безбедна и апелираат до граѓаните да се вакцинираат, зашто само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на СарсКов2.






