вторник, 9 декември 2025

Ненад Коциќ: Наставата мора да продолжи, во образованието ќе има поголеми плати

Објавено на

часот

Сподели

„Правото на штрајк е загарантирано, но интересот на децата мора да биде на прво место и до решение да се дојде преку дијалог. За време на штрајк на наставниците им се исплаќа само основната плата и придонесите.

Низ дијалог, во изминатиот период успеавме платите да ги зголемиме од 3.200 до 6.400 денари. Низ дијалог ќе се реализира и новото покачување предвидено за оваа година.

Поголеми плати во образованието ќе има. СДСМ преку Владата што ја предводи во континуитет покажува вистинска грижа за образованието.

Затоа, уште еднаш апелираме СОНК да се врати на дијалогот, наставниците да се вратат на своите работни места и наставата да продолжи.  СДСМ продолжува со вистинска грижа за образованието, за наставниците и учениците“, изјави Коциќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ