недела, 24 мај 2026

МЗ: За три месеци починале 1.688 лица, 312 биле вакцинирани, а речиси 50 илјади се заразиле

Објавено на

часот

Сподели

Во анализата на Министерството за здравство за периодот од 6 август заклучно со 4 ноември, најнапред се потсетува дека за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и кај кои поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Министерството наведува дека со позитивни тестови заразата е утврдена кај 48.955 граѓани, а дека 28% од нив биле целосно вакцинирани, односно 13.886 лица.

„Според статистика за изминативе месеци, 35.069, граѓани, односно 72% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 78%, додека само 22% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани“, пишува во анализата.

Во поглед на смртноста кај невакцинираните се заклучува дека е драстично поголема.

„Во период од 6.08 до 04.11.2021 на територија на државата починале 1.688 пациенти со ковид-19, 1.376 пациенти од починатите, односно 82% не биле вакцинирани, а само 18%, односно 312 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања“, велат од Министерството за здравство.

Во анализата се вели дека пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, но не е објавена анализа во поглед на типот на вакцини.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2“, гласи пораката до граѓаните на крајот од соопштението за тримесечната анализа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ