недела, 24 мај 2026

МОН ги објави добитниците на стипендии за втор и за трет циклус студии за 2021/2022

Објавено на

часот

Сподели

Добитниците на стипендија на домашна адреса ќе добијат решение за прифаќање на апликацијата и ќе бидат дополнително контактирани за потпишување на договорите за доделување на стипендијата.

Кандидатите кои не се на списокот на добитници на стипендијата, на домашна адреса ќе добијат решение во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена, како и упатство за правно средство против донесеното решение.

Незадоволните кандидати до Министерството може да достават претставка со цел повторно разгледување на нивната пријава.

Како што е наведено во објавата на МОН, поради неисполнување на квотата од број на стипендии предвидени за доделување, останува отворен Конкурсот за стипендии за студии од втор циклус за 2021/2022, а поради исполнување на квотата се затвора  Конкурсот за стипендии за студии од трет циклус.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ