
Лекот, како што изјавиле од Министерството за МИА, се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 отсто.
Во врска со тоа дали се планира воведување нови мерки, бидејќи е во пораст бројот на активни случаи на ковид, од Министерството велат дека Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје ја следат епидемиолошката состојба во државата и врз основа на тоа носат препораки со цел спречување на ширење на ковид-19 и засега нема нови предлози и препораки.
„Според податоците од анализите што ги прават епидемиолозите од ИЈЗ, во изминатава седмица не е забележано рапидно зголемување на позитивни од тестирани на ковид-19. Од регистрираните нови позитивни случаи од 32 града во државата, забележано е зголемување од 3,7 отсто во однос на претходната седмица. Најголем дел од новозаразените се од Скопје. Нема притисок и во болниците. На територијата на цела држава во ковид-центрите хоспитализирани се вкупно 423 пациенти со ковид-19. Засега нема нови предлози и препораки од Комисијата за заразни болести за заштита од ковид-19“, велат од Министерството.






