
Минатата недела биле тестирани 19.791 лице, односно 7,3 отсто помалку од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 11,6 до 16,9 отсто, а просечно 14,8.
Најмногу новозаразени има во Скопје, а регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се лицата над 60 години (23,3%), додека најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,6%).
Во овој период, исто така се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, освен кај возрасната група од 0-9 години (+2,0%). Најзабележително е намалувањето кај возрасната група на лица над 60 години (-13,7%)
Според полот, пак, 54,3 отсто од заболените се жени, а 45,7 машки.
Кај сите секвенционирани примероци е докажана Делта варијантата на вирусот, како и присуство на различни нејзини сублинии. Сублинијата позната како Делта плус не е детектирана кај ниту еден од секвенционираните примероци.
Пријавени се 91 смртен случај, најмногу од возрасната група над 60 години (89%).
Активни на Ковид-19 се 8.290 лица, хоспитализирани се 495, од кои 330 се на кислородна поддршка и 14 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Минатата недела се евидентирани и 2 855 оздравени лица.
ИЈЗ регистрираше и 49 реинфекции. Заклучно со 21 ноември вкупно се пријавени 870 реинфекции, што е 0,4 отсто од вкупниот број на досега заразени кој изнесува 212.375 лица.






